ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2026
за пријавување и избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото за реализација на програмските активности ВАУЧЕРСКИ СИСТЕМ НА СОВЕТУВАЊЕ И ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ
Предмет на јавниот повик е избор на организации за деловна поддршка (ОДП) на претприемништвото кои ќе бидат ангажирани за реализација на програмските активности: Поддршка за самовработување (мерка 22) и Ваучерскиот систем на советување (мерка 23) од Годишната програма за за работа на агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво за 2026 година – ИНОВА, како и други проектни активности поврзани со промоција на иновации и претприемништвото, градење на капацитетите кај целните групи и зголемување на конкурентноста на ММСП.