Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, во декември 2025 година пошпиша договор со Делегацијата на Европската Унија за спроведување на проектот Greening Business Facility.
Цели на проектот
Целта на проектот е да ја поддржи Република Северна Македонија во постигнувањето на целите за климатска неутралност утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан, преку поддршка и инвестиции во претпријатијата насочени кон спроведување на еколошки одржливи практики.
Специфичната цел на проектот е развивање на финансиски инструменти преку кои ќе се ко-финансираат активностите на малите и средни претпријатија во нивната транзиција кои “зелено” работење.
Очекувани резултати
300 претпријатија кои ќе бидат поддржани преку финансиските инструменти на проектот;
- 8 милиони евра финансиско учество од страна на приватниот сектор во проектите кои ќе кои ќе бидат поддржани преку финансиските инструменти на проектот;
- Спроведување на меѓународни стандарди кај 180 претпријатија;
- Отворање на 700 нови работни места;
- Намалување на користењето на природните ресурси за 20%;
- Зголемување на приходот кај поддржаните претпријатија за 10%.
Главни активности:
- Институционална поддршка за имплементација на предвидената грантова-шемa преку воспоставување на соработка со државните институции, стопанските комори и останатите чинители за поголема промоција на проектот
- Зајакнување на капацитетите на вработените во ИНОВА преку спроведување на обуки за вработени кои ќе бидат директно вклучени во активности поврзани со реализација на проектот.
- Објавување на јавни повици за реализација на проекти преку доделување на средства во рамките на предвидените финансиски инструменти.
- Воспоставување на нова веб страна на ИНОВА за поддршка и советување на МСП во однос на мерки кои ги реализира Агенцијата
- Следење на имплементацијата на грантовата шема преку воспоставување на систем за редовно следење и известување на спроведувањето на проектите и оценка на постигнатите резултати и влијание од истите.
Времетраење на проектот:
15.1.2026-15.1.2030 (48 месеци)
Вредност на проектот:
Вредноста на проектот изнесува од 25 милиони евра и истиот се кофинасира од страна на Европската унија и Владата на Република Северна Македонија.
Финансиски инструменти
Следниве финансиски инструменти ќе се имплементираат во рамките на проектот:
- Советодавна поддршка за спроведување на меѓународни стандарди до 5.000 евра (потребно ко-финансирање од страна на апликантот од најмалку 20%)
- Мали ко-грантови до 30.000 евра (потребно ко-финансирање од страна на апликантот од најмалку 30%)
Големи ко-грантови до 300.000 евра (потребно ко-финансирање од страна на апликантот од најмалку 50%)