Градски Трговски Центар ( ГТЦ ), 1000 Скопје • +389 (0)2 3120 132
Република Северна Македонија

АГЕНЦИЈА ЗА ИНОВАЦИИ НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Родова еднаквост

Родова еднаквост

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА се залага за родовата еднаквост преку потпишување на Кодексот за финансирање на жени претприемачи — глобална иницијатива која ја намалува финансиската бариера за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во сопственост или водени од жени.

Лидерство

Maja Петровa е назначена како лидер во Кодексот. ИНОВА воведува мерки за еднаква вработеност и транспарентно известува за родовата еднаквост во својот годишен извештај.

Податоци

Агенцијата усвојува национална дефиниција за ММСП водени од жени, собира родово поделени податоци и редовно ги доставува до управниот одбор и Владата.

Активности

ИНОВА се обврзува да го зголеми бројот и уделот на ММСП во сопственост или водени од жени во своето портфолио.

Документот е потпишан на 26.02.2026 година од директорката Даниела Димовска, со цел да се постигне видливо и одржливо влијание за жените претприемачки во Северна Македонија.

📄 WE CODE INOVA (PDF)

🏦 Народна банка на РСМ

🌐 WE-Fi финансирање на жени претприемачи