Градски Трговски Центар ( ГТЦ ), 1000 Скопје • +389 (0)2 3120 132
Република Северна Македонија

АГЕНЦИЈА ЗА ИНОВАЦИИ НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Упатство за издавање на фактури

Упатство за издавање на фактури

Советодавното претпријатие за извршените услуги на советникот или изведеното оспособување е должно да испостави фактура во согласност со Законот за данок на додадена вредност. Фактурата мора да се издаде на последниот ден од извршената услуга односно, најкасно во рок од 8 дена по извршената услуга. Задолжителен дел на фактурата е бројот на ваучерот.

Советникот е должен да испостави фактура за извршените услуги на советување во програмата преку советодавно претпријатие, кое е наведено на ваучерот. За менување на советодавното претпријатие советникот до Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво го доставува образецот: Менување на советодавно претпријатие.