Грантова шема за поддршка на претпријатијата (Greening Business Facility)

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, во декември 2025 година пошпиша договор со Делегацијата на Европската Унија за спроведување на проектот Greening Business Facility.

Цели на проектот

Целта на проектот е да ја поддржи Република Северна Македонија во постигнувањето на целите за климатска неутралност утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан, преку поддршка и инвестиции во претпријатијата насочени кон спроведување на еколошки одржливи практики.

Специфичната цел на проектот е развивање на финансиски инструменти преку кои ќе се ко-финансираат активностите на малите и средни претпријатија во нивната транзиција кои “зелено” работење.

Очекувани резултати

300 претпријатија кои ќе бидат поддржани преку финансиските инструменти на проектот;

  • 8 милиони евра финансиско учество од страна на приватниот сектор во проектите кои ќе кои ќе бидат поддржани преку финансиските инструменти на проектот;
  • Спроведување на меѓународни стандарди кај 180 претпријатија;
  • Отворање на 700 нови работни места;
  • Намалување на користењето на природните ресурси за 20%;
  • Зголемување на приходот кај поддржаните претпријатија за 10%.

Главни активности:

  • Институционална поддршка за имплементација на предвидената грантова-шемa преку воспоставување на соработка со државните институции, стопанските комори и останатите чинители за поголема промоција на проектот
  • Зајакнување на капацитетите на вработените во ИНОВА преку спроведување на обуки за вработени кои ќе бидат директно вклучени во активности поврзани со реализација на проектот.
  • Објавување на јавни повици за реализација на проекти преку доделување на средства во рамките на предвидените финансиски инструменти.
  • Воспоставување на нова веб страна на ИНОВА за поддршка и советување на МСП во однос на мерки кои ги реализира Агенцијата
  • Следење на имплементацијата на грантовата шема преку воспоставување на систем за редовно следење и известување на спроведувањето на проектите и оценка на постигнатите резултати и влијание од истите.

Времетраење на проектот:

15.1.2026-15.1.2030 (48 месеци)

Вредност на проектот:

Вредноста на проектот изнесува од 25 милиони евра и истиот се кофинасира од страна на Европската унија и Владата на Република Северна Македонија.

Финансиски инструменти

Следниве финансиски инструменти ќе се имплементираат во рамките на проектот:

  • Советодавна поддршка за спроведување на меѓународни стандарди до 5.000 евра (потребно ко-финансирање од страна на апликантот од најмалку 20%)
  • Мали ко-грантови до 30.000 евра (потребно ко-финансирање од страна на апликантот од најмалку 30%)

Големи ко-грантови  до 300.000 евра (потребно ко-финансирање од страна на апликантот од најмалку 50%)