Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги објави огласите по точките 1.1, 1.2 и 1А во делот за самовработување по усвоениот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026.
Активностите како и секоја година ќе се реализираат со заедничка соработка помеѓу институциите АВРСМ и ИНОВА.
Активните огласи можете да ги погледнете на следниот линк:
Огласи за Самовработување 2026
Пред пополнување на задолжителниот прашалник (се пополнува во АВРСМ) пожелно е претходно да се прочита Прирачникот за распознавање и развивање на претприемачките афинитети кај апликантите за самовработување
Прирачник за идни претприемачи- МК
Целиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 можете да го најдете на следниот линк
**** напомена
ПРИЈАВУВАЊЕТО на невработените лица по овие мерки се врши ЕДИНСТВЕНО во Центрите за вработување на Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија.