ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА
КОМУ Е ДОСТАПНА ПОДДРШКАТА?
- Активни претпријатија (мало стопанство според Службен весник на РМ бр. 60/2003 член 3) повеќе за критериумите за вклучување…
- Потенцијалните претприемачи (невработените лица пријавени во Агенцијата за вработување на РСМ и веќе вработените лица кои имаат аспирации да отпочнат сопствен бизнис и се самовработат) повеќе за критериумите за вклучување…
ШТО НУДИ ПРОГРАМАТА?
- За активните претпријатија: субвенционирање на советодавни услуги на општи (генералистички) и специјалистички советници за претприемништво, кои се внесени во Каталог на советници за претприемништво.
- За невработени лица: субвенционирање на советодавни услуги на општи (генералистички) и специјалистички советници за претприемништво, кои се внесени во Каталог на советници за претприемништво.
Повеќе за тоа што субвенционира а што не субвенционира програмата…
КОЛКУ ДОБИВАМ ?
- Активни претпријатија: субвенција до 50 % од нето вредноста на советувањето, но најмногу до 54.000,00 денари за времетраењето на Договорот, со исклучок кога се работи за:
– МСП со иновативни проекти, односно со потенцијал за развој на нови производи/услуги или процеси имаат право на т.н. иновативен ваучер и субвенција од максимум 108.000,00 денари.
- Невработени лица: субвенција до 100 % од вредноста на советувањето, но најмногу до 37.800,00 денари без ДДВ, под услов, невработеното лице да се самовработи најдоцна во рок од 6 месеци.
Доделените средства во програмата се наменски и смеат да се користат исклучиво за намена и под услови кои се наведени во Договорот за вклучување.
КАКО ДА СЕ ВКЛУЧАМ ?
Кај изведувачот на програмата, кој претставува точка каде што потенцијалните корисници на услугите може да се вклучат во програмата.
- Прашајте го советникот-организатор, кој е овластен за спроведување на програмата за ваучерско советување,
- Со него направете воведно советодавно интервју, во кое советникот-организатор проверува дали ги исполнувате критериумите за вклучување во програмата, какви видови на советување Ви се потребни.
- По потпишување на договор за вклучување лесно ќе можете да ги користите услугите на советниците за претприемништво, така да за секое поединечно советување ќе подигнете ваучер.
- По реализирање на советодавните услуги со советникот го потврдувате ваучерот (потпис и печат), кој е потребен за исплата на субвенцијата.
Повеќе за начинот на издавање на фактури и барања за исплата на субвенцијата …
Контакт: info@inova.gov.mk