Реализација на програмата – Old
Реализација на програмата – Old
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА
Каталог на советници за претприемништво
Во Каталогот се наоѓаат податоци за советниците за претприемништво во Програмата на ваучерско советување и тоа: Генералисти и Специјалисти, кај кои може да добиете советодавни услуги по субвенционирани цени. Советниците во Каталогот може да ги пребарате по име, град, вид на советник (генералист, специјалист) и подрачје на советување.
Советниците во програмата се должни да ги почитуваат начелата на етичкиот кодекс за советници. Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ги прима усните и писмените жалби во врска со кршењето на начелата на кодексот или упатството за спроведување на програмата и при установени неправилности може да ги одземе овластувањата на советникот за извршување на советодавни услуги во програмата на ваучерско советување.
Основи за предлог за исклучување на советникот се:
1. Кршење на прирачникот на процедури за изведување на програмата,
2. Несоодветен квалитет на работата на советникот, со која е предизвикана материјална или морална штета на корисникот на советувањето,
3. Сериозни повреди на Етичкиот кодекс на советниците во програмата,
4. Повреди на важечкото законодавство.
Прирачник на процедури за спроведување на Програмата
Клучен документ кој го потврдува Програмско-развојниот Совет и кој ги обврзува сите учесници и изведувачи на Програмата.
Извештај од извршената анализа на работењето во пилот фазата (ноември 2005 – јануари 2006)