2. Активни мали и средни претпријатија (иновативни)
Активни мали и средни претпријатија со иновативни проекти, односно со потенцијал за развоја на нови производи или процеси.
Покрај задоволување на општите услови за активни претпријатија, други услови потребни за вклучување на активните МСП во Програмата на ваучерско советување, односно иновативен ваучер се:
- МСП да бидат профитабилни во последните три години,
- МСП во последните три години да реализирале или учествувале во реализација на истражувачки и/или развојни проекти,
- МСП кое аплицира за иновативен ваучер треба да објасни и образложи како проектот за иновативен трансфер на знаење ќе има корисно влијание на фирмата учесник, односно дека иновативните решенија ќе обезбедат додадена вредност за фирмата и ќе имаат подолготраен ефект,
- Проектот за трансфер на знаење не може да биде софтвер, тренинг, продажба.