Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

 

Градиме иднина. Заедно.

ИНОВА е државна агенција одговорна за спроведување мерки и активности за унапредување на иновациите, конкурентноста, науката и технолошкиот развој, зелената и дигиталната трансформација кај малите и средни претпријатија, како и за промоција на претприемништвото меѓу младите и невработените лица.


Нашата визија

Националниот иновациски и претприемнички екосистем да се издигне како регионален економски лидер, поддржувајќи скалабилни бизниси кои генерираат одржлив раст и создаваат успешни глобални приказни. Како централна институција во националниот претприемнички и иновациски екосистем, ИНОВА обезбедува финансиска и нефинансиска поддршка за претпријатијата, високообразовните и научни институции, и останатите клучни инфраструктурни субјекти за поддршка на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото, поттикнувајќи трансфер на знаење и технологии, конкурентност и соработка.


Нашата мисија

Наша мисија е да создадеме средина во која претприемачите, стартапите и малите бизниси имаат пристап до ресурси, експертиза и партнерства што им овозможуваат одржлив раст. Преку финансиска поддршка, едукација и поврзување со релевантни мрежи, поттикнуваме иновации, дигитална трансформација и одговорно, зелено работење.


Зошто ИНОВА?

Секоја голема приказна започнува со идеја. Ние сме тука таа идеја да ја претвориме во вистински бизнис.
Без разлика дали сте стартап во потрага по прва поддршка, компанија што сака да направи дигитален исчекор или млад претприемач подготвен да го започне својот пат, ИНОВА е вашиот сојузник во растот, иновациите и зелената трансформација.
ИНОВА претставува вашиот „one-stop-shop“, институција што обезбедува целосна стручна и институционална поддршка, од иницијатива до успешна реализација.


Што нудиме?

  • Поттикнување на применето истражување — поддржуваме развој на практични решенија што произлегуваат од науката и се трансформираат во пазарно применливи производи и услуги.
  • Поттикнување иновациска дејност во компаниите — создаваме услови компаниите да развиваат нови производи, процеси и деловни модели што носат додадена вредност и стратешка предност.
  • Поттикнување на претприемништвото и зајакнување на конкурентноста — обезбедуваме финансиска и стручна поддршка што им овозможува на бизнисите да растат, да излегуваат на нови пазари и да се позиционираат посилно во индустријата.
  • Зајакнување на иновациска инфраструктура — градиме екосистем што ги поврзува компаниите, академијата и институциите за да создадеме средина во која иновациите континуирано се развиваат и применуваат.
  • Подобрување на искористеноста на европските фондови — го зголемуваме пристапот и искористеноста на европските фондови преку стручна поддршка, менторство и подготовка на квалитетни проектни апликации. 

Подготвен си за следниот чекор?

Истражи ги можностите. Аплицирај во регионалниот центар блиску до тебе.